ДОМА

Установата е јавна установа за вон-семејнасоцијална заштита Дом за доенчиња и мали деца- Битола, чија надлежност и дејност се утврдени со Законот за социјална заштита.

Дејноста на Установата е сместување на деца без родители и родителска грижа, малолетни родители со деца, самохрана невработена бремена жена еден месец пред породувањето и самохран родител до тримесечна возраст на детето, лица со попреченост во групен дом.

Сместувањето во Установата опфаќа основна заштита која обезбедува: згрижување, 24- часовна помош и поддршка од стручни лица, исхрана, облека и обезбедување здравствена заштита, во зависност од утврдените потреби на корисникот, кој нема услови за живеење во своето семејство или од други причини му е потребна вон-семејна заштита.

Установата обезбедува интервентно сместување за дете во кризна состојба, а најдолго до 30 дена.

Во рамките на Установата за вон-семејна заштита на деца без родители и без родителска грижа како организационен дел основан е Центар за поддршка на згрижувачки семејства кој врши промоција на услугата згрижување во семејство, подготовка, проценка и обука на идни згрижувачки семејства според програма одобрена од Заводот за социјални дејности, ги следи и дава поддршка на постојните згрижувачки семејства.