Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер овозможува пристап до информации од јавен карактер што ги создало или со кои располага ЈУ Дом за доенчиња и мали деца-Битола.
Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис, при што барањето поднесено во електронска форма се смета за писмено поднесено барање.
Писменото Барање може да се поднесе до Установата непосредно во архивата; преку пошта на адреса на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца-Битола (Ул. ,,Младински Бригади,, бр.2, Битола), како и да се поднесе во електронска форма (преку е-маил: marina.domzadoencinjabitola@yahoo.com или на media.domzadoencinja@yahoo.com).
Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да се поднесе на утврдениот Образец на Барање (даден подолу) или на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.
Во случај кога барањето е поднесено од страна на овластен полномошник, кон барањето треба да биде приложено уредно полномошно.
Кога барателот бара пристап до информација со усно барање, службеното лице составува записник за тоа.
Подносителот на барањето може да се информира за сите прашања од интерес поврзани со остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, кај службените лица:
-Марина Капка Савевска, контакт телефон: 047 253 339, 071 291 473 и е-маил: marina.domzadoencinjabitola@yahoo.com
-Медиа Мусли, контакт телефон: 047 253 339, 071 291 473 и е-маил: media.domzadoencinja@yahoo.com